МНР: Турција исто како во минатото ќе биде клучна земја и во иднината на Европа

Министерството за надворешни работи истакна дека Турција исто како во минатото ќе биде клучна земја и во иднината на Европа

1604028
МНР: Турција исто како во минатото ќе биде клучна земја и во иднината на Европа

Министерството за надворешни работи сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер по повод петтата годишнина од потпишаниот Договор од 18 март помеѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Во објавата на Министерството се истакнува дека Турција исто како во минатото ќе биде клучна земја и во иднината на Европа, а воедно се вели следното: „Нашата блиска соработка со Европската унија (ЕУ) којашто ќе биде обновена ќе продолжи да носи мир, просперитет и стабилност за континентот.“

На инфографиката пак, којашто е објавена заедно со објавата се истакнува дека се покажа дека тогаш кога Турција и Европската унија (ЕУ) соработуваат на основа на заеднички цели се добиваат позитивни резултати за целиот регион и дека тоа претставува погоден инструмент и за развивање на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) со перспектива на полноправно членство.

На инфографиката како основни елементи на Договорот од 18 март се набројуваат зајакнувањето на процесот на приклучување на Турција кон ЕУ, започнувањето на преговорите за ажурирање на Царинската унија, обезбедувањето на визна либерализација за турските граѓани, одржувањето на состаноци на високо ниво, на самити меѓу Турција и ЕУ, соработката во борбата против тероризмот и соработката по прашањето на миграцијата.



Слични вести