Министерот Сулејман Сојлу: Од почетокот на годината досега се спречени 26 терористички акции

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека од почетокот на годината досега се спречени 26 терористички акции од кои една дури е спречена утрово

1603825
Министерот Сулејман Сојлу: Од почетокот на годината досега се спречени 26 терористички акции

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во говорот што го одржа на еден состанок во Анкара по повод одбележувањето на 18 март - Денот на сеќавање на шехидите и 106-годишнината од Победата на Чанаккале истакна дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК и покрај тоа што го доживува периодот на добивање на најголема надворешна поддршка во својата историја, бројот на терористите внатре во земјата опадна на под 300.

Министерот Сојлу информира дека од почетокот на годината досега се спречени 26 терористички акции, а воедно ја даде информацијата дека бројот на терористите кои се предадоа е за 5 пати поголем од бројот на приклучените кон организацијата. 

„Во нашите целокупни терористички операции од почетокот на годината досега неутрализиравме 121 терорист на ПКК. Од почетокот на годината досега спречивме 26 терористички акции на ПКК. Дури една од нив спречивме утрово.“ - рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. 

 



Слични вести