Мевлут Чавушоглу говореше за приоритетите во надворешната политика на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот „Стратешки дијалог за Турција“ што се одржа преку видео-конференција во рамките на Светскиот економски форум (WEF) говореше за приоритетите во надворешната политика на Турција

1603487
Мевлут Чавушоглу говореше за приоритетите во надворешната политика на Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот „Стратешки дијалог за Турција“ што се одржа преку видео-конференција, во рамките на Светскиот економски форум (WEF).

Според добиени информации од дипломатски извори, министерот Чавушоглу во одржаниот говор на состанокот се осврна на приоритетите во надворешната политика на Турција и во тие рамки одговараше на поставените прашања.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со состанокот истакна дека на средбата присуствуваа и потпретседателот Фуат Октај и министерот за трезор и финансии Лутфи Елван.

„Разговаравме за приоритетите во стратешката надворешна политика на Турција и нашата агенда за реформи.“ - напиша Чавушоглу во својата споделена објава.
 



Слични вести