Европската унија го суспендира планот за воведување енергетски санкции кон Турција

Според веста објавена од страна на британската новинска агенција „Ројтерс“ ослонувајќи се на дипломати на Европската унија (ЕУ), на повик и на американската управа Европската унија го суспендира планот за воведување енергетски санкции кон Турција

1604072
Европската унија го суспендира планот за воведување енергетски санкции кон Турција

Европската унија го суспендира планот за воведување енергетски санкции кон Турција.

Според веста објавена од страна на британската новинска агенција „Ројтерс“ ослонувајќи се на дипломати на Европската унија (ЕУ), еден дипломат во Брисел го рече следното: „Сопрени се работите за додавање на турските функционери кон списокот со санкции. Веќе не говориме за економски санкции.“

Воедно еден друг дипломат на ЕУ истакна дека не биле започнати работите за додавање на турските функционери на списокот со ограничувачки мерки.

Функционери на Европската унија (ЕУ) велат дека им се придава приоритет на следењето на дипломатските патишта.

Освен тоа, според објавената вест на „Ројтерс“, Соединетите Американски Држави (САД) и дипломати на ЕУ истакнуваат дека од страна на американската управа е упатен повик до Брисел за да не се применуваат санкции кон Турција, во време кога Турција како членка на НАТО и кандидат за влез во ЕУ, е блиску до компромис.

Инаку, во завршната декларација на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што се одржа на 10 декекмври 2020 година, на основа на донесената ограничувачка одлука во врска со активностите на Турција за истражување на природни јаглеводородни ресурси во Источниот Медитеран на 11 ноември 2019 година, беше упатен повик до Европскиот совет за додавање на нови турски функционери на списокот за санкции кон Турција, на кој се наоѓаат двајца функционери од Турската нафтена компанија (ТПАО).

 



Слични вести