Честитка од претседателот Ердоган до Девлет Бахчели за реизборот за претседател на МХП

претседателот Ердоган во остварениот телефонски разговор му ги пренесе своите честитки на Девлет Бахчели по повод неговиот реизбор за претседател на одржаниот 13-ти редовен Голем Конгрес на Партијата за националистичко движење (МХП)

1604083
Честитка од претседателот Ердоган до Девлет Бахчели за реизборот за претседател на МХП

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон Девлет Бахчели и му честита за реизборот за претседател на Партијата за националистичко движење (МХП).

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во остварениот телефонски разговор му ги пренесе своите честитки на Девлет Бахчели по повод неговиот реизбор за претседател на одржаниот 13-ти редовен Голем Конгрес на Партијата за националистичко движење (МХП).

Претседателот Ердоган посака Конгресот да биде аирлија (да послужи за доброто) за поддржувачите и припадниците на Партијата за националистичко движење (МХП) како и за земјата.

Ердоган рече дека Народната Алијанса (Сојузот Џумхур) со значајната одговорност што ја презема во еден историски период со поддршка и на народот ќе продолжи да ја развива и зајакнува Турција во секое поле.



Слични вести