106 години од извојуваната победа на Поморската битка на Чанаккале

Турската војска Мехметчик пред точно 106 години на 18 март 1915 година уште еднаш го запиша своето име во историјата

1603658
106 години од извојуваната победа на Поморската битка на Чанаккале
canakkale.jpg
canakkale.jpg
canakkale.jpg
canakkale.jpg
canakkale.jpg

18 март Победата на Чанаккале, беше епот за повторно, наново опстојување за турскиот народ. Непијателските џиновски воени бродови беа уништени за еден ден.

На тој ден кога беше извојуваната поморската победа зборот „Чанаккале не може да се помине“ и полуостровот Гелиболу (Галиполе) беше врежена во меморијата на целиот свет.

Турската војска Мехметчик на 18 март 1915 година уште еднаш го запиша своето име во историјата.

Воените бродови за коишто се велеше дека се непробојни, беа распарчени, бродовите за коишто се велеше дека не можат да бидат потопени еден по еден беа потопени во морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите).

Првиот непријателски напад врз Чанаккале беше извршен уште во првите денови на Првата светска војна. Беше 3 ноември 1914 година.

Британската флота за блокада го бомбардираше калето Седдулбахир на влезот на морскиот теснец. При експлозија на магацинот за муниција во калето Седдулбахир станаа шехиди (загинаа) 5 офицери и 81 војник.

Првите шехиди на Битките на Чанаккале беа погребани покрај вратата на влегување во Калето Седдулбахир. Овде се издигна и првиот споменик на шехидите.

Цел на Државите на Антантата на чело со Британците беше окупацијата на Истанбул.

Османлиската армија ја зајакна одбраната во морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите).

Топовите демонтирани од бродовите беа распоредени и на двата брега на морскиот теснец кадешто беа формирани мобилни батерии. Во морскиот теснец беа поставени мини.

на морскиот теснец Чанаккале беа реализирани две поморски операции најпрвин на 19 февруари, а потоа по 6 дена. Државите на Антантата и од двете операции не можеа да постигнат резултат.

По ваквиот развој на чело на флотата беше назначен британскиот адмирал Џон Де Робек.

Утрото на 18 март ја започнаа големата поморска операција.

Бродот за минирање „Нусрет“ ододамна беше спремен за оваа операција.

Мините коишто беа поставени во морскиот теснец ноќта на 7 март на 18 март им го нанесоа смртоносниот удар на државите на Антантата.

Воените бродови на државите на Антантата бегајќи од топовските истрели налетаа на поставените мини. 

Францускиот воен брод „Буве“ удри на едната од тие поставени мини и за 3 минути заедно со својата посада од 603 војници потона во водите на морскиот теснец.

Истиот крај го доживеаја и британските воени бродови Ошн и Иресистибл. Сериозни штети здобија и воените бродови Агамемнон, Инфлексибл, Суфрен и Галуа, со што беа исклучени од војната. 

По овие претрпени загуби адмирал Џон Де Робек издаде наредба за повлекување на флотата.

На тој начин турската војска Мехметчик на 18 март 1915 година ја извојува првата голема победа на Епот на Чанаккале.

Државите на Антантата кои се здобија со тешки рани по еден месец го започнаа истоварувањето на копно и повторно го доживеаја истиот тежок пораз.

Овојпат на историската сцена се појави Мустафа Кемал кој по 4 години ќе ја започнеше и народноослободителната борба за независност. 

Во тоа време на Гелиболу (Галиполе), со крвта на шехидите (паднатите борци) беше напишан уште еден еп.

Зборот „Чанаккале не може да се помине“ со тој напишан еп беше врежан во мемориите.

 



Слични вести