Средба Ердоган-Додик во Анкара: Нагласена решителноста за унапредување на соработката

На средбата на претседателот Ердоган со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик во Анкара беше нагласена решителноста за унапредување на соработката помеѓу двете земји

1602628
Средба Ердоган-Додик во Анкара: Нагласена решителноста за унапредување на соработката
erdogan bosna konsey uyeleri.jpg
erdogan dodik 1.jpg
erdogan bosna.jpg
milorad dodik ankarada.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, го пречека со официјална церемонија претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик кој заедно со другите двајца членови на Претседателството, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, допатува во посета на Турција.

Претседателот Ердоган и претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Додик по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција.

Овде претседателот Ердоган истакна дека на разговорите беше направена проценка на можностите за уште повеќе зголемување на трговските и економските активности и напомена дека е многу важно да се продолжи со понатамошно развивање на економските односи помеѓу двете земји.

Тој рече: „Нашата цел е обемот на трговската размена помеѓу Турција и Босна и Херцеговина да го зголемиме на една милијарда долари.“

Велејќи дека е нагласена решителноста за унапредување на соработката помеѓу двете земји во сферите на енергијата, здравството, одбранбената индустрија, туризмот, земјоделството и сточарството, Ердоган рече: „Стоевме на патиштата за уште повеќе зајакнување на нашите силни врски во културните и хуманитарните сфери.“

Претседателот Ердоган го изрази своето сочувство за човечките загуби во Босна и Херцеговина поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и истакна дека Турција ќе донира 30 илјади дози вакцини против Ковид-19 на Босна и Херцеговина.

„Ја цениме заедничката волја што ја презентира Претседателството на државата во борбата против епидемијата. И ние со сфаќање дека пријателот се познава во тешки денови од почетокот на епидемијата бевме покрај Босна и Херцеговина. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе го продолжиме овој наш став и во иднина. По тој повод, ние по оваа посета ќе ѝ испратиме на Босна и Херцеговина и 30 илјади дози вакцини против Ковид-19.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, истакна дека гасоводниот проект Турски тек пристигна до Србија и го рече следното: „Босна и Херцеговина пројавува интерес за испорака на природниот гас до Босна. Секако треба да се реализира како што е планирано и проектот на Автопатот Сараево-Белград и заедно со автопатот треба да ја реализираме и испораката на гасот. Не треба да ја испуштиме оваа можност.“

 



Слични вести