Потпретседател Октај го прими казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Тлеуберди

Потпретседателот Фуат Окта на приемот ги врачи своите поздрави по повод одбележувањето на 13-годишнината од независноста на Казахстан и истакна дека треба да се зацврсти соработката со воспоставување на трговските односи помеѓу двете земји

1603277
Потпретседател Октај го прими казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Тлеуберди

Потпретседател Фуат Октај го прими во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепа, во Анкара казахстанскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди.

На приемот потпретседателот Октај ги врачи своите поздрави по повод одбележувањето на 13-годишнината од независноста на Казахстан и истакна дека треба да се зацврсти соработката со воспоставување на трговските односи помеѓу двете земји.

Нагласувајќи дека потенцијалот на инвестирање помеѓу двете земји е многу голем, Октај појасни дека сфери во коишто би можело да се соработува во правец на обостраните интереси се одбраната, фармацијата, информатичките технологии и енергијата

Фуат Октај го подвлече и тоа дека Советот за соработка со туркофонските земји (Турскиот совет) чиј состанок се планира за 31 март претставува стратешка кров организација и дека  лидерите на двете земји ќе станат предводници во решавањето на некои проблеми.

Казахстанскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди пак, го изрази задоволството од тоа што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествува на претстојниот состанок на Турскиот совет.

Осврнувајќи се на тоа дека Казахстан располага со богати подземни извори, а Турција со технолошка инфраструктура, Тлеуберди истакна дека ќе биде корисно да биде се интензивира соработката во бројни сфери и дека Мешовитата економска комисија (КЕК) претставува добра платформа во оваа смисла.

 



Слични вести