Германија: Турција со Договорот за миграција и бегалци од 18 март докажа дека е доверлив партнер

Заменик портпаролката на германската Влада Улрике Демер истакна дека Турција со Договорот за миграција и сириските бегалци од 18 март докажа дека е доверлив партнер

1603308
Германија: Турција со Договорот за миграција и бегалци од 18 март докажа дека е доверлив партнер

Германија истакна дека со Договорот за миграција и сириските бегалци од 18 март меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) е докажано дека Турција е доверлив партнер. 

Заменик портпаролката на германската Влада Улрике Демер во Федералниот прес-конференција потпишаниот договор меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција го окарактеризира како „заеднички успех на двете земји“.

Таа рече: „Турција докажа дека е доверлив партнер.“

Нагласувајќи дека во склопот на взаемните интереси и двете земји остануваат посветени на договорот и го применуваат заедно, Демер појасни дека Турција загрижува 3,6 милиони мигранти и со тоа заслужува голема пофалба.

Демер привлече внимание дека благодарение на договорот за кој станува збор успешно се справува со криумчарење на луѓе во Егејското Море кои завршуваат со смртни случаи.

Заменик портпаролката на германската Влада Улрике Демер во продолжение рече: „Благодарение на тоа се намалија смртните случаи во Егејското Море. Благодарение на помошта на Европската унија (ЕУ), Турција ги обезбеди потребите на бегалците во врска со здравството, образованието и нивниот социјален живот и обезбеди да им бидат подобрени условите за живот. Секојдневно им се намираат потребите за живот на 1,8 милиони мегалци. 660 илјади бегалски деца одат на училиште.“

Демер подвлече дека помошта којашто ја доделува Европската унија (ЕУ) им се доставува на бегалците кои имаат потреба од неја.

 



Слични вести