Чавушоглу: Грчкиот министер за надворешни работи Дендиас на 14 април ќе допатува во Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека неговиот грчки колега Никос Дендиас на 14 април ќе допатува во посета на Турција

1603144
Чавушоглу: Грчкиот министер за надворешни работи Дендиас на 14 април ќе допатува во Турција

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на 14 април ќе допатува во посета на Турција...

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес-конференција со казахстанскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара одговараше на прашањата на новинарите.

Чавушоглу информира дека неговиот грчки колега Никос Дендиас на 14 април ќе допатува во посета на Турција.

За време на оваа посета ќе бидат направени подготовките за средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас вчера изјави дека посакува да се состане со својот турски колега министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во како што рече погодна атмосфера.

Дендиас рече: „Посакувам да се сретнам со мојот турски колега и другар Мевлут Чавушоглу, меѓутоа секако една ваква средба ќе се одржи во погодна атмосфера. За да би имала одредено значење треба да се одржи во погодна атмосфера.“

 



Слични вести