Турција жестоко го осуди воениот режим во Мјанмар кој продолжува да употребува смртоносна сила врз сопствениот народ

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека се изразува жалење и загриженост од тоа што за време на вчерашните протести во градот Јангон во Мјанмар досега ги загубија животите најголем број лица за еден ден

1601864
Турција жестоко го осуди воениот режим во Мјанмар кој продолжува да употребува смртоносна сила врз сопствениот народ

Турција жестоко го осуди режимот на воениот удар во Мјанмар кој продолжува да употребува смртоносна сила врз сопствениот народ кој одржува мирољубиви протести.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи е изразено жалење и загриженост од тоа што за време на вчерашните протести во градот Јангон во Мјанмар досега ги загубија животите најголем број лица за еден ден.

„Жестоко го осудуваме тоа што режимот на воениот удар во Мјанмар и покрај сите повици на меѓународната заедница продолжува да употребува смртоносна сила врз сопствениот народ кој одржува мирољубиви протести“ - се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се повторува повикот до воениот режим веднаш да стави крај на насилството и без задоцнување да бидат фрлени потребните чекори за враќање кон демократија.



Слични вести