Претседателот на Собранието Шентоп се состана со претседателот на Претседателството на БиХ Додик

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп истакна дека Турција ги поддржува економскиот развој, социјалната интеграција, политичкиот компромис, стабилноста и позитивната агенда во Босна и Херцеговина

1602525
Претседателот на Собранието Шентоп се состана со претседателот на Претседателството на БиХ Додик

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во салата за церемонии во Собранието се состана со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик и другите двајца членови на Претседателството во негова придружба, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.

Велејќи дека делегацијата на Претседателството на Државата Босна и Херцеговина остварува специјална посета којашто го покажува задоволувачкиот степен до којшто достигнаа односите помеѓу двете земји, Шентоп во говорот што го одржа овде, рече. „Ние веруваме дека треба да бидеме во блиска соработка во бројни сфери со историските, културните и човечките врски коишто постојат меѓу нас и вложуваме обострани напори за уште повеќе развивање на односите помеѓу нашите земји.“ 

Мустафа Шентоп напомена дека Турција ги поддржува економскиот развој, социјалната интеграција, политичкиот компромис, стабилноста и позитивната агенда во Босна и Херцеговина.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп укажа и на тоа дека блиските контакти помеѓу парламентите претставуваат значајна димензија на односите помеѓу двете земји.

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик го изрази задоволството од посетата.

Укажувајќи на длабоките и коренити врски помеѓу двете земји, Додик истакна дека Турција беше покрај Босна и Херцеговина во мошне тешки времиња за неја.

Додик рече дека се одлучни по прашањето на унапредување на односите до уште понапреден степен во секое поле.

 



Слични вести