Педерсен: Сите го сфаќаме значењето на Турција и го цениме тоа што го прави за сириските бегалци

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен рече: „Сите ние го сфаќаме значењето на Турција и го цениме тоа што го прави по прашањето на сириските бегалци чиј е домаќин“

1602009
Педерсен: Сите го сфаќаме значењето на Турција и го цениме тоа што го прави за сириските бегалци

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен го информираше Советот за безбедност во врска со случувањата во Сирија, по што преку видео-конференција одржа состанок за печатот со меѓународните новинари на задача во канцеларијата на ОН во Женева и во Њујорк.

Педерсен рече: „Сите ние го сфаќаме значењето на Турција и го цениме тоа што го прави по прашањето на сириските бегалци чиј е домаќин.“

Повторувајќи го повикот за прогласување на примирје на териториите на цела Сирија, Педерсен истакна дека состојбата во Идлиб повеќе од една година како е „релаивно мирна“.

Тој појасни дека и покрај „оваа релативна смиреност регионот сеуште е крајно кршлив“ и ги предупреди страните повторно да не бидат започнати судирите.

Дописникот на новинската Агенција Анадолија „АА“ до Педерсен го постави прашањето „Турција продолжува да е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот од кои 3,6 милиони Сиријци. Дали ќе упатете повик до меѓународната заедница и особено до Европската унија (ЕУ) по прашањето да и се достави поддршка на Турција по ова прашање?“

Одговорот на Педерсен на ова прашање гласеше: „Сите ние го сфаќаме значењето на Турција и го цениме тоа што го прави по прашањето на сириските бегалци чиј е домаќин. Го знам и тоа дека и семејството на ОН и ја изразува својата благодарност на Турција за сето она што го прави.“

Велејќи дека на крајот на овој месец во главниот град на Белгија, Брисел, ќе се одржи конференција по прашањето на хуманитарната помош на Сирија, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен додаде дека сигурен е и во тоа оти на оваа конференција ќе се изнајде помош и за бегалците во Турција.

 



Слични вести