Ердоган: Турција ќе стане еден од значајните центри за производство на батерии за електрични возила

Претседателот Ердоган истакна дека се решени Турција да ја направат еден од значајните центри за производство на батерии за електрични возила во светот

1602399
Ердоган: Турција ќе стане еден од значајните центри за производство на батерии за електрични возила
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ford Otosan Gelecek Vizyon Toplantısı1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Ford Otosan Gelecek Vizyon Toplantısı2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот „Визија за иднината Форд Отосан“ што се одржа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

Претседателот Ердоган истакна дека се решени Турција да ја направат еден од значајните центри за производство на батерии за електрични возила во светот.

Тој рече: „Во автомобилската индустрија на иднината (инвестицијата на Форд Отосан) Турција ќе стане најголемиот центар за производство на електрични и поврзани комерцијални возила.“

Велејќи дека интензивно продолжува и проектот за автомобилот на Турција, претседателот Ердоган рече: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) првите возила од сериско производство посакуваме да ги симнеме од лентата на крајот на 2022 година. Во производството на електрични и автономни комерцијални возила во наредните 10 години имаме за цел да станеме лидер во Европа, а во светот да се најдеме на првите 5 места.“ 

Претседателот Ердоган истакна дека верува оти оваа инвестиција ќе им придаде сериозни способности на турските инженери по прашањето на електричните возила и батериите за електрични возила.

„Минатата година реализиравме извоз на над 900.000 возила во 180 земји, на 5 континенти. Со капацитетот на извоз со којшто располага (Форд Отосан) оваа инвестиција ќе обезбеди мошне сериозен придонес за нашиот тековен баланс. Одлучни сме Турција да доведеме во состојба на еден од најзначајните производствени центри на батерии (за електрични возила). Додека од една страна ги поттикнуваме овие инвестирања, од друга страна развивајќи го нашиот домашен бренд сакаме да создадеме конкурентна клима во нашата земја.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести