Ердоган: Ќе продолжиме со снабдување со вакцини од странство се додека биде подготвена нашата домашна вакцина

Претседателот Ердоган по состанокот на претседателскиот истакна дека ќе продолжи снабдувањето со вакцини од странство се додека биде подготвена домашната вакцина чии работи продолжуваат

1601861
Ердоган: Ќе продолжиме со снабдување со вакцини од странство се додека биде подготвена нашата домашна вакцина
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabine Toplantısı Açıklamalar.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на претседателскиот кабинет одржа прес-конференција на која истакна дека бројот на вакцинираните граѓани заклучно со 15 март достигна до 11 милиони 500 илјади лица.

Ердоган рече: „Одлучни сме да ја издигнеме Турција на местото коешто го заслужува во новиот глобален политички и економски поредок којшто е интензивиран заедно со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Ќе продолжиме со снабдување со вакцини од странство се додека биде подготвена нашата домашна вакцина чии работи продолжуваат.“

Нагласувајќи дека во Турција не бевме сведоци на ниту едниот од тешкотиите коишто беа согледани во голем број земји во периодот на пандемијата, проблемите во синџирот на снабдување и безбедносните слабости, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган гп рече следното: „Одлучни сме да ја издигнеме Турција на местото коешто го заслужува во новиот глобален политички и економски поредок којшто е интензивиран заедно со пандемијата.“



Слични вести