Дендиас посакува средба со Чавушоглу во погодна атмосфера

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас истакна дека посакува да оствари средба со својот турски колега Мевлут Чавушоглу во погодна атмосфера

1602532
Дендиас посакува средба со Чавушоглу во погодна атмосфера

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас по остварената средба со палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ел-Малики кој допатува во посета на Атина, се осврна на консултативните разговори помеѓу Турција и Грција чија 62. рунда се одржа во Атина.

Дендиас истакна дека посакува да се состане со својот турски колега министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во како што рече погодна атмосфера. 

Велејќи дека политичките преговори помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји ќе се одржат утре во Атина, Дендиас рече: „Посакувам да се сретнам со мојот турски колега и другар Мевлут Чавушоглу, меѓутоа секако една ваква средба ќе се одржи во погодна атмосфера. За да би имала одредено значење треба да се одржи во погодна атмосфера.“

 



Слични вести