100 години од „Договорот за пријателство и братство“ помеѓу Турција и Русија од 16 март 1921 година

Денеска се одбележуваат 100 години од потпишаниот „Договор за пријателство и братство“ помеѓу Турција (тогаш Владата на Големото Народно Собрание на Турција) и Русија (тогашниот Сојуз на Советските Социјалистички Републики-СССР) на 16 март 1921 година

1602258
100 години од „Договорот за пријателство и братство“ помеѓу Турција и Русија од 16 март 1921 година

Министерството за надворешни работи објави писмено соопштение по повод одбележувањето на 100-годишнината од „Договорот за пријателство и братство“ помеѓу Владата на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР) потпишан на 16 март 1921 година. 

Во соопштението се истакнува дека Турција верува оти соработката со Русија ќе продолжи со придонесување кон соработката во регионот.

Во соопштението се привлекува внимание дека документот за којшто станува збор заведен во заедничката историја како „Договор од Москва“ зазема значајно место во турско-руските односи, а воедно стои дека овој договор којшто е потпишан една година по воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји, освен неговото политичко значење коешто го носеше во условите на тоа време, воедно вроди и правни резултати кои ја зачувуваат својата валидност до денеска.

Се нагласува дека „Договорот од Москва“ има значење на прв постигнат договор помеѓу Владата на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) и Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), дека со него се утврдени источните граници на во тие години младата Република и дека истовремено претставува основа и за солидарноста и соработката коишто се воспоставени со Советска Русија по периодот по Првата светска војна.

„Турција и Руската Федерација денеска ги продолжуваат дијалогот и соработката на билатерално и регионално ниво. Веруваме дека ова сфаќање на соработка, освен на нашите билатерални односи ќе продолжи да придонесува и на регионалниот мир, стабилноста и просперитетот и во наредниот период.“ - стои во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција. 

 



Слични вести