Турција соопшти дека активно ќе прродолжи со борбата против исламофобијата

Турција на меѓународната платформа презеде предводничка улога во борбата против исламофобијата и нетолеранцијата

1601270
Турција соопшти дека активно ќе прродолжи со борбата против исламофобијата

Турција, соопшти дека активно ќе продолжи со напорите и иницијативите за одржување на дневен ред на прашањето за борба против исламофобијата на агендата на Обединетите нации (ОН), како и на меѓународните и регионалните организации“.

Во писменото соопштение објавено од страна на Министерството за надворешни работи по повод 15-ти март „Меѓународниот ден против исламофобијата“, беше наведено дека со почит и милост се сеќаваме на 51 лице, вклучително и турски државјани, кои ги загубија своите животи во терористичкиот напад на 15 март 2019 година во Крајстчерч, Нов Зеланд.

Во соопштението беше истакнато дека Турција на меѓународната платформа презеде предводничка улога во борбата против исламофобијата и нетолеранцијата, ги поддржува напорите на Организација за исламска соработка (ОИС) и во тие рамки за оваа намена беше формирана Група за контакт на европските муслимани во рамките на  ОИС.

Веднаш по терористичкиот напад во Нов Зеланд, на повик на Турција во својство на претседател на тогашниот самит на ОИС во Турција, на 22 март 2019 година во Истанбул одржа итен состанок на Извршниот комитет на ОИС на ниво на министри за надворешни работи. Во оваа пригода беше упатен повик за подигнување на меѓународната свест во однос на борбата против исламофобијата.

Во рамките на ова сфаќање, на состанокот на 47-от Совет на министри за надворешни работи на ОИС беше донесена одлука 15 март да се прогласи за „Меѓународен ден на борба против исламофобијата“.

Во согласност со споменатата одлука, беше наведено дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот на високо ниво на 17 март 2021 година што се одржува на иницијатива на постојаните претставници на земјите-членки на ОИС во ОН, со цел да се подигне меѓународната свест за борбата против исламофобијата, ќе учествува со видео порака.

„Турција активно ќе продолжи со напорите и иницијативите за зачувување на прашањето за борба против исламофобијата на агендата на меѓународните и регионалните организации, особено на ОН“.

Од друга страна, во рамките на студијата иницирана од Министерството за надворешни работи, беше наведено дека ќе се подготвуваат годишни извештаи за земјите каде што има акти и дискурси кои вклучуваат исламофобија, ксенофобија и расизам и дека истите ќе бидат споделени со меѓународната јавност.



Слични вести