Повик од министерот Хулуси Акар до Грција што поскоро да се откаже од своите некомпромисни и провоцирачки ставови

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека им се придава значење на разговорите со Грција и ја повика оваа земја што поскоро да се откаже од своите некомпромисни и провоцирачки ставови

1601713
Повик од министерот Хулуси Акар до Грција што поскоро да се откаже од своите некомпромисни и провоцирачки ставови

Под претседателство на министерот за национална одбрана Хулуси Акар со учество и на началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командниот врв со командантите на родовите и замениците министри, се одржа состанок преку видео-конференција.

На состанокот министерот Хулуси Акар се осврна на случувањата во Источниот Медитеран и потсетувајќи на планираните консултативни разговори помеѓу министерствата за надворешни работи на Турција и Грција, го рече следното: „Сакаме да бидеме во добрососедски односи со сите наши соседи на чело со Грција, и вклучувајќи го секако и Египет.“

Акар истакна дека им се придава значење на разговорите со Грција и ја повика оваа земја што поскоро да се откаже од своите некомпромисни и провоцирачки ставови.

Подвлекувајќи дека како и сеогаш им се придава значење на дијалогот и почитувањето на меѓународното право, министерот Акар рече: „Меѓутоа, за жал Грција сеуште на начин којшто не доликува на добрососедството, со закана и одредени применувања за зголемување и покачување на тензијата, го попречува воспоставувањето на овие наши добрососедски односи. Секогаш со вадење на прашањата од доменот на односи помеѓу Турција и Грција, мислат дека би можеле да се здобијат со одредени ползи со нивно селектирање на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и Турција и Соединетите Американски Држави (САД).

Акар нагласи дека не е можно (грчката страна) на овој начин да постигне било што и го рече следното: „Постојано ги изнесуваат воените вежби како елемент на закана. Треба да согледат и знаат дека со тоа не е можно да се стигне никаде, да се постигне ништо, дека сето тоа нема никакво значење и вредност пред Турција и Турските вооружени сили (ТВС).“

Велејќи дека Грција и покрај економските услови во коишто се наоѓа сеуште презема одредени иницијативи по прашањето на наоружувањето, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде следното: „Секој знае дека и тое е во штета на грчкиот народ. Се гледа дека нашите погледи и размислувања се споделуваат особено и со изјавите коишто ги даваат по ова прашање особено од страна и на некои грчки академици, некои политичари, некои пензионирани воени функционери и воени бирократи.“

 



Слични вести