МИТ со реализирана операција фати терорист т.н. бригаден командант на ПЈД/ЈПГ во Сирија и го донесе во Турција

Тимот на МИТ со реализирана прецизна точка-операција во Сирија го фати терористот Ибрахим Бабат познат под кодното име „Шех Гуји“ таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на епаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК

1601638
МИТ со реализирана операција фати терорист т.н. бригаден командант на ПЈД/ЈПГ во Сирија и го донесе во Турција

Националната разузнавачка служба (МИТ) со реализирана прецизна точка-операција го фати во Сирија и го донесе во Турција терористот Ибрахим Бабат познат под кодното име „Шех Гуји“ таканаречен бригаден командант на ПЈД/ЈПГ, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК.

Според добиените информации, тимот на МИТ со реализирана прецизна точка-операција во Сирија го фати терористот Бабат додека се движеше со своето возило.

По испрашувањето на фатениот терорист Бабат кој од Сирија беше донесен во Турција, Националната разузнавачка служба (МИТ) заедно со елементите на Сириската национална армија (СНА) во подрачјето на операцијата Извор на мирот заплени големи количини експлозиви од рачна изработка, динамит и електрични детонатори на терористичката организација коишто биле подготвени за користење во терористички акции.

Освен тоа, по испрашувањето на Бабат, беа дешифрирани и плановите на терористичката организација за реализација на терористички акции врз станиците, караулите и базите на Турските вооружени сили (ТВС) на границата помеѓу Сирија и Турција.

Како што се истакнува, терористот Бабат и се приклучил на терористичката организација во 2011 година во Џизре кај градот Ширнак во Турција, ги започнал своите активности во руралните кадри на организацијата во подрачјето на Хафтанин во северниот дел на Ирак и откако извесно време престојувал во областа Зап во 2017 година преминал во Сирија и овде ја извршувал задачата таканаречен бригаден командант на терористичката организација.

 



Слични вести