Калин по повод 15 март - Меѓународниот ден за борба против исламофибијата: Жестоко го осудуваме отуѓувањето

Ибрахим Калин рече: „Ние како Турција, исто како отуѓувањето на другите жестоко го осудуваме и отуѓувањето од страна на другите. Веруваме дека овој став претставува заедничка одговорност на човештвото, а не само на муслиманите.“

1601657
Калин по повод 15 март - Меѓународниот ден за борба против исламофибијата: Жестоко го осудуваме отуѓувањето

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во објавеното соопштение по повод 15 март - Меѓународниот ден за борба против исламофибијата истакна дека исламофобијата, како едно од најзначајните прашања коишто му се закануваат на меѓународниот мир во последните години, се презентира како нова нормала на модерниот свет.

Калин рече: „Исто како отуѓувањето на другите како Турција жестоко го осудуваме и отуѓувањето од страна на другите. Веруваме дека овој став претставува заедничка одговорност на човештвото.“

Нагласувајќи дека заедничка одговорност на секого е да потсети дека исто како и расизмот, непријателството кон странците и антисемитизмот ѝ исламофобијата (антиисламизмот) и реториката на омраза и дискриминација против муслиманите претставуваат глобална идеологија на омраза, како и да го држи актуелно ова прашање на секоја платформа, Ибрахим Калин ја изнесе следната констатација: „Ние како Турција, исто како отуѓувањето на другите жестоко го осудуваме и отуѓувањето од страна на другите. Веруваме дека овој став претставува заедничка одговорност на човештвото, а не само на муслиманите.“

Калин укажа дека подоверливиот, мирољубивиот, просперитетниот, праведниот, плуралистичкиот и правичниот свет може да се изгради само со борба против менталитетот којшто шири омраза и отуѓува.

„Турција, под лидерство на нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, ќе продолжи во секоја прилика да ја поставува на дневниот ред вистината за исламофобијата и реториката на омраза и дискриминација против муслиманите, како и да ја продолжи со одлучност борбата против сите злосторства на омраза.

Во тој контекст, претставува значаен чекор тоа што Организацијата за исламска соработка (ОИС), со цел создавање на меѓународна свест по прашањето на борбата против исламофобијата, 15 март го прогласи за Меѓународен ден за борба против исламофобијата.

Извршениот терористички напад на 15 март 2019 година во градот Крастчерч во Нов Зеланд претставува масакр којшто не треба да се заборави од аспект на покажување на димензиите до коишто достигна заканата од исламофобијата (антиисламизмот). По тој повод, уште еднаш со почит и милост се сеќаваме на оние кои ги загубија животите во терористичкиот напад во Крајстчерч и посакуваме да се дојде до повторување на терористички напади од овој вид.“ - рече портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во објавеното соопштение по повод 15 март - Меѓународниот ден за борба против исламофибијата.

 



Слични вести