Ердоган: „Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, никогаш не се промени позицијата на Турција“

Воспоставувањето на политички систем кој ќе ги претставува сите Сиријци е од суштинско значење за враќање на мирот и стабилноста

1601547
Ердоган: „Од почетокот на граѓанската војна во Сирија, никогаш не се промени позицијата на Турција“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека од почетокот на граѓанската војна во Сирија, никогаш не се промени позицијата на Турција.

Во статијата за Блумберг по повод 10-годишнината од граѓанската војна во Сирија, Ердоган истакна дека кај турската нација постои силно убедување дека воспоставувањето на политички систем кој ќе ги претставува сите Сиријци е од суштинско значење за враќање на мирот и стабилноста.

„Убеден сум дека воспоставувањето на мирот и стабилноста во Сирија зависи од искрената поддршка на Запад на Турција“ рече Ердоган потенцирајќи:

„Во период кога повторно е во мода употребата на изразите демократија, слобода и човековите права, конкретните активности  на човештвото во Сирија, ќе биде крајната мерка на нашата искреност. Со голема гордост истакнувам дека позицијата на Турција, никогаш не се промени од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Постојано нагласуваме дека не е можно да се воспостави мировно и трајно решение во Сирија, ако не се испочитува територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија“.

Во врска со безбедните зони создадени со локалните елементи на Сирија, се доказ за посветеноста на  Турција кон иднината на Сирија“.

Посочувајќи дека Запад, прво мора да заземе јасен став против терористичката организација ЈПГ (сириски огранок на ПКК), која ги напаѓа безбедните зони и го поддржува крвавиот режим, Ердоган рече:

„Администрацијата на Џо Бајден треба да ги одржи дадените ветувања, да соработува со нас за да се стави крај на трагедијата во Сирија и да се брани демократијата“.

Претседателот Ердоган истакна дека ги отфрлаат сите планови кои не ги исполнуваат основните барања на сирискиот народ за човечко достоинство и дека ваквите опции само ќе ја продлабочат кризата.

Тој исто така ги повика западните земји да ја исполнат одговорноста што им паѓа од аспект на окончувањето на хуманитарната криза. Несподелувањето на  товарот на Турција, може да предизвика нови бранови на имиграција кон Европа.



Слични вести