Турција го дочека со загриженост отворањето на дипломатска канцеларија од страна на Чешка во Ерусалим

Министерството за надворешни работи соопшти дека се дочекува со загриженост отворањето на своја дипломатска канцеларија од страна на Чешка во Западен Ерусалим (Кудс)

1600801
Турција го дочека со загриженост отворањето на дипломатска канцеларија од страна на Чешка во Ерусалим

Турција соопшти дека го дочека со загриженост отворањето на своја дипломатска канцеларија од страна на Чешка во Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека овој чекор на Чешка ќе биде во услуга на иницијативите во насока на абење на статусот на Ерусалим (Кудс), едниот од основните параметри на палестинско-израелскиот спор.

Во соопштението се упатува повик до сите членки на меѓународната заедница да покажуваат почит кон меѓународните параметри во правец на изнаоѓање праведно (фер), обемно и трајно решение за историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс) и за палестинско-изрселскиот проблем.

„Го дочекуваме со загриженост отворањето на своја дипломатска канцеларија на Чешка во Ерусалим (Кудс) чиј меѓународен статус е загарантиран со резолуциите на Обединетите нации.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Инаку, Чешка на 11 март во Западен Ерусалим (Кудс) отвори свое дипломатско претставништво во склопот на својата Амбасада во Тел Авив.

 



Слични вести