Писмо од претседателот Ердоган до здравствените работници по повод 14 март - Денот на медицината

Претседателот Ердоган испрати писмо до здравствените работници по повод 14 март - Денот на медицината

1600862
Писмо од претседателот Ердоган до здравствените работници по повод 14 март - Денот на медицината

Претседателот Реџеп Тајјип по повод 14 март - Денот на медицината напиша писмо до здравствените работници.

Претседателот Ердоган истакна дека треба да продолжи да се работи со заеднички сили се додека не се елиминира целосно заканата од епидемијата. 

Првото писмо во рамките на кампањата за дигитално писмо организирана под слоганот „Да напишеме писмо до оние кои пишуваат еп“ за здравствените работници кои вршат услуга со голема самопожртвуваност во процесот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) организирана од страна на Платформата молам, а со цел издигнување на свеста во однос на општествени прашања, го напиша претседателот Ердоган.

Во рамките на кампањата којашто започна денеска на 14 март - Денот на медицината и ќе трае до месец април секој кој ќе посака ќе може да им ги пренесе своите чувства и размислувања на здравствените работници преку интернет адресата  "dijitalmektup.lutfenplatformu.org". 

Претседателот Ердоган во своето писмо коешто го започна со зборовите "Драг-а брате, сестро" им го честита на здравствените работници 14 март - Денот на медицината и го истакна следното: „До вас и до сите наши колеги ја доставувам мојата благодарност за услугите коишто ги правите за нашиот народ и за целото човештво.“

Ердоган, укажувајќи дека здравствените работници кои во текот на историјата тогаш кога било неопходно по цена и на своите животи му отрчале на помош на народот повторно зазедоа место во првите редови и во тешката борба што се води против епидемијата на коронавирусот, своето писмо го продолжи со следните зборови: „Нашите здравствени работници кои со недели не можат да одат во своите домови, да ги прегрнат своите деца, своите сакани, работеа/работат деноноќно за да ги излекуваат што поскоро нашите граѓани. Оваа ваша самопожртвуваност и вашите заслуги имаат многу голем удел во борбата на Турција против коронавирусот којашто се покажува како пример во целиот свет. Знаеме дека засега не е завршена нашата борба против коронавирусот кој досега одзеде приближно 30 илјади наши животи. Треба да продолжиме да работиме со заеднички сили се додека не биде целосно елиминирана заканата од епидемијата.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се заблагодари на здравствените работници за услугите коишто му ги даваат на народот во оваа најголема здравствена катастрофа во последниот век, а воедно на здравствените работници кои ги загубија своите животи во борбата против епидемијата им посака милост од Аллах, а на блиските им посака трпение.

 



Слични вести