Турција ги отфрли неоснованите тврдења во одлуката на ЕП по повод 10-годишнината од сирискиот спор

МНР покажа реакција на изразите коишто се употребуваат против Турција во усвоената одлука од страна на Европскиот парламент (ЕП) поради прекуграничните операции со кои е ставено крај на окупацијата на терористичките организации во северниот дел на Сирија

1600439
Турција ги отфрли неоснованите тврдења во одлуката на ЕП по повод 10-годишнината од сирискиот спор

Турција ги отфрли неоснованите тврдења коишто се наведуваат во одлуката на Европскиот парламент (ЕП) што беше усвоена по повод одбележувањето на 10-годишнината од сирискиот спор.

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со реакција против изразите коишто се употребуваат против Турција во усвоената одлука на седницата на Европскиот парламент (ЕП) за сирискиот спор, во која се изнесуваат критики поради прекуграничните операции со кои е ставено крај на окупацијата на терористичките организации во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се отфрлуваат неоснованите тврдења во врска со Турција која им ја отвори својата прегратка на милиони Сиријци и која поради спорот во Сирија самата презеде тешки одговорности. 

Во соопштението се вели дека Турција против терористичките организации во должина на границата во северниот дел на Сирија кои му закануваат на турскиот и сирискиот народ реализира операции на основа на правото на самоодбрана коешто произлегува од членот 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Во соопштението стои следното: „За време на операциите и потоа во максимална мера се преземени сите неопходни мерки за да не му се наштети на цивилното население. Народот во подрачјето е ослободен од зулумот на терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ. Благодарение на активностите на локалните елементи под водство на привремената Влада на Сирија за стабилизација, се воспоставени спокојството и стабилноста, овозмножено е доброволно и безбедно враќање назад во овие области на повеќе од 420 илјади бегалци.“

Во соопштението се нагласува дека она коешто всушност би требало да го критикува Европскиот парламент (ЕП) се растечките терористички напади во последно време во правец на нарушување на мирот и стабилноста во подрачјето, а воедно се вели следното: „Она што привлекува внимание е и тоа што во одлуката не се осврнува на обидите на ПКК/ЈПГ за промена на демографијата во подрачјето и тоа што ги ослободи терористите на ДЕАШ (кои се наоѓаа во овдешните затвори).“

Во истото соопштение со реакцијата на Анкара се истакнува дека Турција ќе ги продолжи своите обиди за изнаоѓање соодветно политичко решение за сирискиот спор.  

„Го повикуваме Европскиот парламент (ЕП) наместо да објавува ирелевантни, неосновани соопштенија откинати од вистините, да го сфати значењето на придонесите што ги дава Турција во Сирија, како земја која ги брани и границите на НАТО и Европа, како и да нуди конструктивен придонес за политичкото решение на спорот во контекст на случувањата во Сирија.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 

 



Слични вести