Соопштениот пакет за економски реформи наиде на одек и во странскиот печат

Соопштениот пакет за економски реформи од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган наиде на широк одек и во странскиот печат

1600537
Соопштениот пакет за економски реформи наиде на одек и во странскиот печат

Пакетот за економски реформи што беше соопштен вчера од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, наиде на широк одек и во странскиот печат.

Новинската агенција „АсошиетедПрес“ (АП) со седиште во Соединетите Американски Држави (САД), информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти низа чекори коишто ќе ја зајакнат економијата на Турција и вети дека инфлацијата повторно ќе се сведе (намали) на едноцифрени бројки.

Новинската агенција „Ројтерс“ исто така веста во врска со пакетот за економски реформи ја објави под насловот „Ердоган во планот за економски реформи цели кон инфлацијата и јавните финансии“.

Француската новинска агенција „АФП“ во објавената вест информира дека претседателот Ердоган ги соопшти ослободувањето од данок што ќе се применува за еснафите (занаетчиите) и мерките коишто ќе бидат преземени во борбата против инфлацијата.

Во веста на германската новинска агенција „ДПА“ беше истакнато дека освен ослободувањето од данок и кредитите со погодни цени кон малите претпријатија, се соопштени и низа реформи вклучувајќи ги и кратењата во јавните трошоци. Во веста беше додадено дека 850 илјади мали претпријатија ќе бидат ослободени од данок на приход.

Во веста којашто беше објавена во британскиот весник „Фајненшл тајмс“ пак, им беше одделено место на следните зборови на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: „Реформите во јавните финансии коишто ќе ги применуваме во овој период нас ќе не одделат (разликуваат) позитивно од голем број други земји. Одлучни сме да напишеме една нова приказна за успех.“

 



Слични вести