Реакција од Шентоп против ЕП за донесената одлука во врска со сирискиот спор

Претседателот Собранието Мустафа Шентоп во објавата на својот профил на социјалната медија напиша: „Ги отфрлуваме неуките, неосновани и злонамерни тврдења коишто се изнесуваат против нашата земја во последната одлука на Европскиот парламент (ЕП)“

1600606
Реакција од Шентоп против ЕП за донесената одлука во врска со сирискиот спор

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија покажа реакција на изјавите коишто се изнесуваат против Турција во усвоената одлука на седницата на Европскиот парламент (ЕП) во врска со сирискиот спор.

Шентоп во објавата напиша: „Ги отфрлуваме неуките, неосновани и злонамерни тврдења коишто се изнесуваат против нашата земја во последната одлука на Европскиот парламент (ЕП).“

Велејќи дека Турција во рамките на верноста кон човечките вредности им ја подаде својата рака на милиони бегалци кои се засолнаа од Сирија и е гласот на совеста, Мустафа Шентоп нагласи дека во период кога Турција ја продолжува борбата против тероризмот ќе продолжи да придонесува на обидите за политичко решение за сирискиот спор на основа на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2254.

Шентоп нагласи дека жалосно е тоа што Европскиот парламент (ЕП) не покажува реакција против терористичките акции на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ против сириските цивили.

„Го повикуваме Европскиот парламент (ЕП) да стои покрај Турција која со голема самопожртвуваност ги отвори своите врати за 3,7 милиони Сиријци, ги брани границите на НАТО и Европа, го почитува меѓународното право и која ќе продолжи да дава поддршка на политичкиот процес во Сирија.“ - напиша претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија со реакција на изјавите коишто се изнесуваат против Турција во усвоената одлука на седницата на Европскиот парламент (ЕП) во врска со сирискиот спор.

 



Слични вести