Шентоп учествуваше на церемонијата по повод 100-годишнината од прифаќањето на националната химна

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека народот како цивилизирано општество, исто како што е физичко суштество така е и духовно суштество

1600348
Шентоп учествуваше на церемонијата по повод 100-годишнината од прифаќањето на националната химна

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп учествуваше на церемонијата што се одржа во Првото Собрание во Улус во Анкара, по повод одбележувањето на 100-годишнината од прифаќањето на националната химна (12 март 1921 година).

Во говорот што го одржа овде, претседателот на Собранието Шентоп истакна дека народот како цивилизирано општество, исто како што е физичко суштество така е и духовно суштество.

Велејќи дека државата пак е најголемата народна институција родена од духот на човечката заедница која е обединета во овој идеал, Шентоп истакна дека и Државата Република Турција која е родена од духот да се биде народ и наскоро ќе го слави својот 100-ти роденден, во суштина е организирана форма на народот за слобода и правда.

Мустафа Шентоп нагласи дека и лидерите и државните личности се големите неимари на оваа организација, а воедно укажа на тоа дека оние кои го градат и развиваат националниот дух се големите поети, научните дејци и уметниците кои произлегле од самото општество.

„Мехмет Акиф Ерсој го напиша епот на борбата на нашиот народ за спротивставување на ропството. Нашите поколенија и во наредните векови ќе се сеќаваат со почит и благодарност на Акиф и на оние како него, чии обиди и заслуги во националната борба се големи и тоа им доликува само на муџахидите кои ги споменуваме по изминати 100 години.“ - рече Шентоп. 

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, по одржаниот говор ја отвори „Изложбата за независност“ којашто беше подготвена во спомен на 100-годишнината од прифаќањето на национална химна.

 



Слични вести