Реакција од Турција на одлуката за пуштање на слобода на терористот Сасунјан во САД

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека жестоко ја осудува одлуката за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан

1599779
Реакција од Турција на одлуката за пуштање на слобода на терористот Сасунјан во САД

Турција соопшти дека жестоко ја осудува одлуката на Окружниот висок суд во Лос Анџелес со која беше отворен патот за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес, во Соединетите Американски Држави (САД) Кемал Арикан.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува следното: „Окружниот висок суд во Лос Анџелес донесе одлука со која е отворен патот за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на нашиот генерален конзул, додека гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом соопшти дека нема да ја обжали оваа одлука. Жестоко го осудуваме овој приод којшто причини длабока рана врз совеста на турскиот народ.“

Во соопштението се привлекува внимание дека и покрај сите преземени иницијативи на управата на САД во спротивна насока оваа одлука  не е променета и дека истата не се истоветува со принципите на универзалното право и сфаќањето за правда.

Во истото соопштение се потсетува дека Турција во нападите на ерменските терористички организации даде шехиди (изгуби) 31 свој дипломат и 58 свои граѓани, а воедно се додава следното: „Во период кога злосторствата од омраза се наоѓаат во подем, кога се чувствува најголема потреба од меѓународна солидарност, пуштањето на слобода со политички мотиви на еден ѕверски убиец му наштетува на духот на соработката во борбата против тероризмот. Ова извршено кукавичко убиство од страна на терористот Сасунјан за коешто во текот на неговото 38 годишно осудување и наоѓање во затвор не покажал ниту најмал знак за покајување, никогаш нема да се заборави како злосторство коешто претставува  една болесна и изопачена (искривоколчена) идеологија. По тој повод, со почит и милост се сеќаваме на нашиот убиен (шехид) дипломат Кемал Арикан и на сите наши шехиди (загинати) во нападите на ерменските терористички организации.“

Турскиот дипломат генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан беше убиен од страна на ерменските терористи Хампиг Сасунјан и Крикор Салиба на 28 февруари 1982 година во Лос Анџелес.

Терористот Хампиг Сасунјан кој беше фатен беше осуден на доживотна затворска казна без можност за помилување.

Во врска со вториот терорист Крикор Салиба пак, кој избега се тврдеше дека загинал за време на граѓанската војна во Либан истата 1982 година.

 



Слични вести