Претседателот Ердоган: Пакетот за економски реформи ќе ја води Турција со доверба кон иднината

Претседателот Ердоган истакна дека сигурно ќе се постигне целта Турција да биде доведена во состојба на една од 10-те најголеми економии, а воедно рече дека пакетот за економски реформи ќе ја води Турција со доверба кон иднината

1600288
Претседателот Ердоган: Пакетот за економски реформи ќе ја води Турција со доверба кон иднината
erdogan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во Конгресниот центар во Халич во Истанбул учествуваше на „Состанокот за промовирање на економските реформи“ кадешто го соопшти пакетот за економски реформи.

Ердоган информира дека пакетот за економски реформи ќе ја води Турција со доверба кон иднината и содржи конкретни политики фокусирани на решение.

Претседателот Ердоган истакна дека со деноноќно работење сигурно ќе се постигне целта Турција да биде доведена во состојба на една од 10-те најголеми економии.

За постигнување на тоа ќе бидат преземени следните чекори:

Задолжувањата претежно ќе се вршат со турска лира.

Ќе бидат ставени во примена регулативи со коишто ќе се распространи сфаќањето за штедење во јавните администрации.

Ќе се оди на ослободување од данок на малите еснафи/занаетчии со ниски приходи.

Ќе се премине на применување на Дигитална даночна канцеларија на Турција којашто ќе врши услуга нон сто 7/24 часа.

Во рамките на борбата против инфлацијата ќе бидат развиени механизми со коишто ќе му се придадат на пазарот свежото овошје и зеленчуковите производи кои остануваат на нива и во пазарите на големо, а со цел намалување на загубите и залудното трошење на храната.

Благодарение на дигиталниот земјоделски пазар, земјоделецот од секоја обем ќе може да најде пазар за своите производи.

Преку Систем за рано предупредување ќе се следи целиот синџир на храна во ист момент во фазата на производство, продажба на големо и продажба на мало.

Ќе се формира Комитет за стабилност на цените за оценување на структурните шкови коишто создаваат ризик во инфлацијата и за утврдување на потребните политики и нивно управување.

Ќе бидат фрлени чекори во правец на намалување на цените за посредување во непреработената храна.

Ќе бидат фрлени чекори коишто ќе ја соничуваат економската, технолошката и правната инфраструктура на дигиталните пари.

Приватниот пензиски систем ќе биде распространет на уште пошироки средини, ќе бидат укинати препреките пред влезот во системот на децата под 18 годишна возраст.

Ќе бидат флрени чекори коишто ќе обезбедат зголемување на капацитетот во индустријата и ќе ја издигнат уште погоре силата на конкуренција.

Со цел развивање на иновативна и силна здравствена индустрија во склопот на претседателството ќе се формира Претседателство за здравтсвени индустрии.

Под покровителство на претседателството ќе се формира Претседателство на софтвер и хардвер индустрии. 

Ќе биде завршена законската инфраструктура во правец на формирање на постројки за складирање на електрична енергија и ефикасно ќе се применуваат политики за намалување на зависноста од енергија од надвор.

Ќе бидат формирани логистички центри во странство за пласирање на производите наменети за извоз на пазарите, на побрз начин и по пониски цени.

Ќе се оди на ревидирање во поддршките за создавање на нови можности за вработување во струките на иднината.

Ќе се воведе нов модел на поддршка под името Финансиска поддршка за вработувањето, а како додаток за пребродување на разрушувањето и штетите на пазарите за вработување од страна на епидемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19). На фирмите ќе им се доделат кредити за вработување.

Во усогласеност со легислативата на Европската унија (ЕУ) ќе се направат измени во Законот за заштита на личните податоци, а во однос на преносот на податоци во странство.

Со цел да се укинат неправедните трговски применувања во продажбата на мало ќе бидат направени нови уредувања во усогласеност со легислативата на Европската унија (ЕУ). 

Со цел заштита на потрошувачот и ефикасно следење на неправедната конкуренција на пазарот ќе се формира независна Институција за надзор и инспекција на пазарот.

 



Слични вести