Претседателот Ердоган: Нашата соработка со Египет во разузнавањето, дипломатијата и економијата веќе продолжува

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џамијата Хз. Али во Ускудар во Истанбул кадешто клањаше џума намаз (петочна молитва) рече: „Нашата соработка со Египет во разузнавањето, дипломатијата и економијата веќе продолжува“

1600177
Претседателот Ердоган: Нашата соработка со Египет во разузнавањето, дипломатијата и економијата веќе продолжува

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од џамијата Хз. Али во Ускудар во Истанбул кадешто клањаше џума намаз (петочна молитва) одговараше на прашањата на новинарите.

Претседателот Ердоган истакна дека не може да стане збор народите на Египет и Турција да бидат одделени еден од друг и рече: „Нашата соработка со Египет во разузнавањето, дипломатијата и економијата веќе продолжува.“

„Нашиот процес на соработка со Египет продолжува. Од се срце посакуваме овој процес со Египет да го продолжиме на многу посилен начин. Затоа, откако овие разузнавачки, дипломатски и политички разговори ќе дадат резултат, ние овој процес ќе го носиме на уште понапредно ниво.“ - порача Ердоган.

По прашањето на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, претседателот Ердоган истакна дека би можел да стане збор да пристигне втора пратка од Кина.

Тој рече: „Би можел да стане збор да пристигне нова пратка вакцини од Кина. Доколку постигнеме согласност би можеле да купиме од Кина уште 50 милиони дози вакцина. Во меѓувреме, продолжува и нашиот договор за вакцини со Германија. Имаме склучено договор и со Русија. Продолжуваат нашите разговори меѓу нашите министерства и за договорот со Русија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по прашањето на реализираната заедничка воена вежба помеѓу Саудиска Арабија и Грција го рече следното: „За тоа ќе разговараме со функционерите на Саудиска Арабија, така што тоа не требаше да се случи и не може да се случи.“

 



Слични вести