Претседателот Ердоган денеска ќе го соопшти пакетот за економски реформи

Меѓу насловите во пакетот се наоѓаат макроекономијата, структурните политики, инфлацијата, тековниот дефицит и јавните финансии

1599908
Претседателот Ердоган денеска ќе го соопшти пакетот за економски реформи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе го соопшти пакетот за економски реформи.

Меѓу насловите во пакетот се наоѓаат макроекономијата, структурните политики, инфлацијата, тековниот дефицит и јавните финансии.

Претседателот Ердоган во дадената изјава во месец ноември минатата година истакна дека го започнуваат периодот на нови реформи во економијата и правото.

По оваа изјава на претседателот Ердоган, под водство на министерот за трезор и финансии Лутфи Елван заедно со покрив организациите на деловниот свет и надлежните граѓани организации беа одржани разговори на кои беа слушнати барањата и предлозите.

На овие состаноци беа поставени на маса барањата и предлозите за решение коишто се појавија на преден план на претставниците на деловниот свет, собранијата на секторите и граѓанските организации.

На тој начин, денеска на „Состанокот за промовирање на економските реформи“ од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе и бидат соопштени на јавноста економските реформи коишто ги содржат макроекономските политики за стабилност и структурните политики.



Слични вести