Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Започнаа нашите контакти со Египет на дипломатско ниво

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека по повеќегодишната пауза поради нарушените односи во 2013 година се започнати дипломатските контакти помеѓу Турција и Египет

1600057
Министерот за надворешни работи Чавушоглу: Започнаа нашите контакти со Египет на дипломатско ниво

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу својата турнеја по три централноазиски земји Туркменистан, Узбекистан и Киргистан ја заврши со остварената посета на Катар.

На враќање во Турција, Чавушоглу одговараше на прашањата на Турската радио и телевизија (ТРТ) при што се осврна на бројни прашања.

Министерот Чавушоглу информира дека по повеќегодишната пауза поради нарушените односи во 2013 година се започнати дипломатските контакти помеѓу Турција и Египет. 

Велејќи дека се започнати контактите со Египет на дипломатско ниво, Мевлут Чавушоглу рече: „Не пристигна било каков предуслов ѝ од Еѓипќаните, ѝ од наша страна во моментов не е поставен ореден предуслов. Нема никаков предуслов.“

Споделувајќи ја информацијата дека „со Египет постојат контакти, ѝ на разузнавачко, ѝ на дипломатско ниво“, Чавушоглу истакна дека и во наредните денови ќе има разговори, ѝ на ниво на диплмати, ѝ на разузнавачко ниво.

Мевлут Чавушоглу се осврна и на остварените разговори во главниот град на Катар, Доха, со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со катарскиот министер за надворешни работи Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани, во врска со што го рече следното: „Видовме дека Катар посакува да фрли поконкретни чекори особено на теренот, пред хуманитарната состојба во Сирија и донесовме одлука тоа да го реализираме на ниво на министри.“

Во врска со разговорите со управата на Соединетите Американски Држави (САД), министерот Чавушоглу нагласи дека на разговорите не стана збор за применување на т.н. модел на Крит по прашањето на противвоздушно одбранбените системи С-400.

Чавушоглу го даде знакот за тоа дека со давање на позитивни пораки почнаа да се подобруваат и односите со Саудиска Арабија коишто беа затегнати по убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), како и со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Тој рече: „Од Абу Даби гледаме попозитивни пораки. Гледаме дека се намалуваат негативните кампањи против Турција. Со нив немаме било каков проблем, меѓутоа кај нив постоеја негативни ставови кон нас. Не постои било каква причина да не бидат подобрени нашите односи со Саудиска Арабија. Ако фрли позитивен чекор ќе фрлиме и ние. Истото важи и за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).“

Осврнувајќи се и на преговорите коишто започнаа во Авганистан помеѓу Владата и Талибан, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече. „Состанокот на мировниот процес во Авганистан планираме да го одржиме во месец април (Истанбул).“

Чавушоглу информира дека кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во рамките на утрнејата што ќе ја започне на регионот ќе допатува во посета и на Турција, во врска со што рече: „Ни рекоа дека на 25-ти (март) сакаат да дојдат во Турција. на дневниот ред на посетата се наоѓаат билатералните односи, регионални прашања и прашања кои ги засегаат Азија и Евроазија.“

Потсетувајќи дека е донесена одлука со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел да се работи на Патна карта по прашањето на односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече. „Ние им ја испративме нашата понуда, нашиот нацрт на Патната карта. Сега очекуваме одговор од нив.“

Во врска со Кипарските преговори пак, Чавушоглу рече дека доколку започнат преговорите Европската унија (ЕУ) повторно ќе биде посматрач.

 



Слични вести