Блинкен: Чувствувам длабока разочараност од одлуката за пуштање на слобода на терористот Сасунјан

Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека чувствува длабока разочараност од одлуката за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан

1599773
Блинкен: Чувствувам длабока разочараност од одлуката за пуштање на слобода на терористот Сасунјан

Американскиот државен секретар Антони Блинкен објави писмено соопштение во кое покажа реакција против одлуката за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан.

Блинкен истакна дека чувствува длабока разочараност од одлуката за пуштање на слобода на убиецот на генералниот конзул на Турција Кемал Арикан.

Антони Блонкен рече: „Американскиот државен секретаријат чувствува длабока разочараност од донесената одлука од страна на сојузната држава Калифорнија за условно пуштање на слобода на Хампиг Сасунјан кој е прогласен за виновен за убиството на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан во 1982 година.“

Велејќи дека секогаш приоритет на САД е безбедноста на дипломатите на било кое место во светот, дека застануваат во одбрана на казнување со најтешка казна на атентатите врз дипломатите и дека се против донесувањето на вакви одлуки за условно пуштање на слобода, Блинкен нагласи дека извршениот напад врз еден дипломат не претставува само тешко кривично дело извршено против една индивидуа, туку истовремено значи извршен напад и врз дипломатијата.  

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во соопштението го истакна и следното: „Уште еднаш го изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејството на господинот Арикан и до нашите колеги во турското Министерство за надворшени работи за нивните загуби.“

Министерството за надворшени работи на Турција исто така соопшти дека жестоко се осудува одлуката на Окружниот висок суд во Лос Анџелес со која беше отворен патот за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес, во Соединетите Американски Држави (САД) Кемал Арикан.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се истакнува следното: „Окружниот висок суд во Лос Анџелес донесе одлука со која е отворен патот за пуштање на слобода на ерменскиот терорист Хампиг Сасунјан, убиецот на нашиот генерален конзул, додека гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом соопшти дека нема да ја обжали оваа одлука. Жестоко го осудуваме овој приод којшто причини длабока рана врз совеста на турскиот народ.“

Турскиот дипломат генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Кемал Арикан беше убиен од страна на ерменските терористи Хампиг Сасунјан и Крикор Салиба на 28 февруари 1982 година во Лос Анџелес.

Терористот Хампиг Сасунјан кој беше фатен беше осуден на доживотна затворска казна без можност за помилување.

Во врска со вториот терорист Крикор Салиба пак, кој избега се тврдеше дека загинал за време на граѓанската војна во Либан истата 1982 година.

 



Слични вести