Акар: Приодот на Египет и последните случувања се во корист на двете земји и другите регионални земји

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека приодот на Египет и последните случувања се во корист на двете земји и другите регионални земји

1600354
Акар: Приодот на Египет и последните случувања се во корист на двете земји и другите регионални земји

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Анкара даде изјави во врска со актуелните случувања.

Акар рече: „Приодот на Египет и последните случувања се во корист на двете земји и другите регионални земји. Тоа им доликува и на нашите културни и историски врски.“

Тој ја изнесе и следната констатација: „Би сакал да потсетам дека САД наместо да соработуваат со ЈПГ која е терористичка организација (сириски огранок на ПКК), треба да работи со Турција која 70 години како е членка на НАТО.“

Велејќи дека продолжуваат разговорите и со Грција, Хулуси Акар рече: „И покрај нашите конструктивни приоди се соочуваме и со извесни негативни изјави, акции и вознемирувања.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така се осврна и на позитивниот став што го покажува Египет во последно време кон Турција, во врска со што го рече следното: „Приодот на Египет и последните случувања се во корист на двете земји и другите регионални земји. Тоа им доликува и на нашите културни и историски врски.“

 



Слични вести