Во близина на Мугла во Егејското Море се спасени 42'јца турнати мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража од Егејското Море во близина на градот Мугла спасија 42'јца мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1598995
Во близина на Мугла во Егејското Море се спасени 42'јца турнати мигранти

Во Егејското Море во близина на градот Мугла се спасени вкупно 42'јца мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража веднаш стапија во акција по добиени информации дека во морето во близина на Караада кај Бодрум на еден гумен чамец којшто почнал да пропушта вода се наоѓаат група мигранти.

Турските екипи спасија 34 мигранти кои беа качени на чамецот на крајбрежната стража.

Група мигранти качени на сплав беа утврдени и во близина на заливот Серче кај Мармарис кадешто повторно екипите на турската крајбрежна стража пристигнаа за кусо време и спасија од морето 8 мигранти кои беа соочени со опасност од давење.

Како што е дознаено мигрантите од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

 

 



Слични вести