Средба на Ибрахим Калин во Истанбул со главните советници за надворешна политика на лидерите на ЕУ

На состанокот беа разгледани сферите на соработка коишто би можеле да се реализираат меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ во рамките на односите меѓу Турција и ЕУ

1599573
Средба на Ибрахим Калин во Истанбул со главните советници за надворешна политика на лидерите на ЕУ

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин, денеска во Истанбул се состана со главните советници за надворешна политика на лидерите на Европската унија (ЕУ).

Средбата се одржа во канцеларијата на претседателството во сарајот Долмабахче.

Ибрахим Калин ја предводеше турската делегација во која учествуваше и заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европската унија (ЕУ) амбасадорот Фарук Кајмакчи, додека од страна на Европската унија (ЕУ) учествуваа Марјем фон дер Хеувел шефот на кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Јан Хекер главниот советник за надворешна политика на германска канцеларка Ангела Меркел, Емануел Боне главниот советник за надворешна политика на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на делегацијата на ЕУ во Турција амбасадор Николаус Мејер-Ландрут.

На состанокот беа разгледани сферите на соработка коишто би можеле да се реализираат меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ во рамките на односите меѓу Турција и ЕУ.

На состанокот на кој беше направена обемна проценка на односите меѓу Турција и ЕУ страните се осврнаа и на регионални прашања. 

Во тие рамки беше направена подготовка за дневниот ред на средбата пред самитот што ќе се одржи во блиско време меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и лидерите на Европската унија (ЕУ).



Слични вести