Реакции од ИКБЈ и ИТЏ против поштенската марка со т.н. карта која опфаќа и некои градови во Турција

Џотјар Адил информира дека не е одобрен планот за отпечатување на поштенска марка на којашто е претставена т.н. карта што опфаќа и некои градови во Турција и која беше дочекана со реакција од страна на Турција

1598963
Реакции од ИКБЈ и ИТЏ против поштенската марка со т.н. карта која опфаќа и некои градови во Турција

Портпаролот на Владата на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) Џотјар Адил на одржаната прес-конференција во градот Ербил објави соопштение во врска со поштенските марки за коишто се предвидува да бидат отпечатени од страна на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ), по повод остварената посета на духовниот лидер на католиците папата Франциск на Ирак.

Џотјар Адил информира дека не е одобрен планот за отпечатување на поштенска марка на којашто е претставена т.н. карта што опфаќа и некои градови во Турција и која беше дочекана со реакција од страна на Турција.

Тој рече: „Некои уметници понудија примероци со дизајн за отпечатување на поштенските марки. Меѓутоа, досега не е одобрена за печатење ниту една поштенска марка. Дизајнот на пошетнската марка којашто ќе биде избрана за печатење ќе биде во усогласеност со законите.“

Во меѓувреме, и претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ершат Салихи во објавеното писмено соопштение истакна дека претставувањето и на градовите Киркук (Ќеркук) и Мосул (Мусул) на картата за којашто станува збор ќе значи вовлекување на овие градови во регионални тензии и конфликти.

Велејќи дека беше согледано оти се планира да се отпечати и поштенска марка на којашто е претставена карта што содржи и некои градови во Иран и Турција, Салихи го рече следното: „Овие чекори се закануваат на регионот и националната безбедност на Ирак. Од Владата на ИКБЈ сакаме да ги сопре овие видови очајни чекори и да не бидат повторени претходните грешки.“

Во писменото соопштението на претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ) Ершат Салихи се истакнува дека треба да се избегнува од чекори коишто ќе бидат во услуга на подлите планови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и се бара да се стои далеку од секој вид дејство коешто ќе им наштети на суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.

На планот за печатење на поштенска марка со карта на којашто се претставени и некои градови во Турција, покажа реакција и Анкара.

Во објавеното писмено соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција се вели следното: „Од властите на ИКБЈ очекуваме веднаш да се поправи оваа очајна грешка и што поскоро и на јасен начин да биде објавено потребното соопштение по ова прашање.“

 



Слични вести