Претседателот Ердоган ги прими новоназначените амбасадори на Романија и Доманиканската Република

Претседателот Ердоган ги прими новоназначените амбасадори на Романија и Доминиканската Република во Анкара, Елвис Антонио Алам Лора и Штефан Александру Тинца кои му ги предадоа акредитивните писма

1599510
Претседателот Ердоган ги прими новоназначените амбасадори на Романија и Доманиканската Република
erdogan kabul.jpg
erdogan kabul.jpg
erdogan kabul.jpg

Новиот амбасадор на Романија во Анкара Штефан Александру Тинца и новиот амбасадор на Доминиканската Република во Анкара Елвис Антонио Алам Лора, му ги врачија на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своите акредитивни писма.

Претседателот Ердоган најпрвин го прими новоназначениот амбасадор на Романија во Анкара Штефан Александру Тинца.

На приемот во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, романскиот амбасадор Тинца му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ердоган.

По предавањето на акредитивите, новиот амбасадор на Романија во Анкара Штефан Александру Тинца и делегацијата во негова придружба составена од неговата сопруга и вработените во амбасадата сликаа спомен фотографија со претседателот Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа го прими новоназначениот амбасадор на Доминиканската Република во Анкара Елвис Антонио Алам Лора.

На приемот во претседателската палата „Куллијето“ новиот амбасадор на Доминиканската Република во Анкара Алам Лора му ги предаде акредитивните писма на претседателот Ердоган.

По предавањето на акредитивите, новиот амбасадор на Доминиканската Република Елвис Антонио Алам Лора и делегацијата во негова придружба составена од неговата сопруга и вработените во амбасадата сликаа спомен фотографија со претседателот Ердоган.

 



Слични вести