Министерот Коџа: Оваа земја ќе биде едниот од првите фронтови кои ќе бидат успешни во борбата против епидемијата

Министерот за здравство Фахреттин Коџа рече: „Кошмарот што надвисна над 2020 година нема да продолжи на ист начин. Силно се надевам дека оваа земја ќе биде едниот од првите фронтови кои ќе бидат успешни во оваа војна којашто се води во светски рамки.“

1599599
Министерот Коџа: Оваа земја ќе биде едниот од првите фронтови кои ќе бидат успешни во борбата против епидемијата

Министерот за здравство Фахреттин Коџа направи општа проценка во врска со процесот на борбата на Турција против новиот тип коронавирус на првата годишнина од регистрирањето на првиот случај во земјата.

Министерот Коџа го рече следното: „Кошмарот што надвисна над 2020 година нема да продолжи на ист начин. Силно се надевам дека оваа земја ќе биде едниот од првите фронтови кои ќе бидат успешни во оваа војна којашто се води во светски рамки.“

Велејќи „Ковид-19 е првата епидемија во последните 100 години со којашто целиот свет војува во ист момент, од која случаите и човечките загуби се толку многу големи“, Коџа својот говор го продолжи со следните зборови: „Турција е една од земјите кои покажаа најбрза реакција во набавувањето на вакцини за коишто се води голема трка. Договорот за 50 милиони дози вакцина со производителот во Кина го склучивме во ноември. Во скоро време уште 5 наши накдинати за домашна вакцина ќе ги започнат работите за тестирање врз луѓе. Во блиска иднина ќе ги користиме нашите сопствени вакцини. Коронавирусот во кусо време нема да стане обична болест како грипот, меѓутоа кошмарот што надвисна над 2020 година нема да продолжи на ист начин во 2021 година. Доколку пред есен ја реализираме вакцинацијата на делот од 50 милиони лица од населението како што планираме, епидемијата нема да претставува силен притисок врз нас.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека се надевам оти едниот од првите фронтови кои ќе покажат успех во оваа војна којашто се води во светски рамки ќе биде Турција, и рече: „Тогаш кога ќе заврши програмата за вакцинација на пример ако бројот на случаи е 5 ќе се намали на 1. Многу малку ќе го слушнеме зборот тешко заболен.“

 



Слични вести