Мевлут Чавушоглу во Доха се состана со својот катарски колега Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на Твитер истакна дека со својот катарски колега Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани со кого се состанаа во Доха во последниот еден месец се среќаваат по втор пат

1599544
Мевлут Чавушоглу во Доха се состана со својот катарски колега Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Катар, Доха, кадешто престојува во официјална посета се состана со својот катарски колега, заменик премиерот и министер за надворешни работи Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со својот катарски колега Шејх Мухамед Бин Абдурахман Ал Тани со кого се состанаа во Доха во последниот еден месец се среќаваат по втор пат.

Велејќи дека на средбата разговарале за билатералните односи и регионални прашања, Чавушоглу ја даде следната порака: „Нашата поддршка на нормализацијата во Заливот продолжува.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека соработката на Турција со Катар ќе продолжи со нејзино зголемување во секоја сфера.



Слични вести