Мевлут Чавушоглу во Доха се состана со катарскиот емир Ал Тани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека оствариле средба со катарскиот емир Шејх Тамим Бин Хамад Ал Тани и дека со задоволство ја дочекуваат улогата на Катар во напорите за решавање на спорот во Сирија

1599483
Мевлут Чавушоглу во Доха се состана со катарскиот емир Ал Тани

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска во Доха се состана со катарскиот емир Шејх Тамим Бин Хамад Ал Тани.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека оствариле средба со катарскиот емир Ал Тани и дека со задоволство ја дочекуваат улогата на Катар во напорите за решавање на спорот во Сирија.

Велејќи „Ќе работиме заедно со Катар и на патот што води кон мирот во Авганистан“, Чавушоглу привлече внимание дека силната соработка е во услуга и на регионалниот мир.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во главниот град на Катар, Доха, за трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција-Катар-Русија.



Слични вести