Чавушоглу: Започнавме трилатерален консултативен процес со Русија и Катар за случувањата во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека во врска со случувањата во Сирија е започнат трилатерален консултативен процес со Русија и Катар

1599390
Чавушоглу: Започнавме трилатерален консултативен процес со Русија и Катар за случувањата во Сирија
cavusoglu-al sani-lavrov.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Катар, Доха учествуваше на трилатералниот состанок на Министрите за надворешни работи на Турција, Катар и Русија.

По одржаниот состанок Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да го брани територијалниот интегритет на Сирија, да ги заштитува цивилите и да се бори против терористичките организации.

Мевлут Чавушоглу рече дека во врска со случувањата во Сирија е започнат трилатерален консултативен процес со Русија и Катар.

Нагласувајќи дека се има за цел да се придонесе во напорите за изнаоѓање трајно решение во Сирија, Чавушоглу истакна дека со таа цел се остварени продуктивни состаноци и е разгледана хуманитарната состојба во Сирија.

Мевлут Чавушоглу појасни дека повеќе од 6,5 милиони Сиријци живеат надвор од земјата од кои 3,4 милиони се наоѓаат во Турција и рече: „Турција ќе продолжи да го брани територијалниот интегритет на Сирија, да ги заштитува цивилите и да се бори против терористичките организации.“

Тој укажа дека има терористички организации кои 10 години како ја злоупотребуваат ситуацијата во Сирија, а воедно рече дека на состанокот е нагласено дека Турција го поддржува територијалниот интегритет на Сирија.

Велејќи дека ќе продолжи поддршката на Турција на единството на Сирија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Постигнавме согласност следниот состанок да го одржиме во Турција. Нашата цел е да се вопостави траен мир во Сирија.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, го рече следното: „Турција, Русија и Катар се договорија по прашањето на водење борба против сепаратистичките иницијативи во Сирија.“

 



Слични вести