Столтенберг: Турција е значаен сојузник, тоа можете да го видите само ако погледнете на картата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција е значаен сојузник и рече: „Тоа можете да го видите само ако погледнете на картата“

1598247
Столтенберг: Турција е значаен сојузник, тоа можете да го видите само ако погледнете на картата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг учествуваше на видео-конференцијата на тема „Адаптацијата на НАТО“ што се одржа од страна на Центарот за меѓународна безбедност и соработка при Универзитетот Стенфорд во Калифорнија во САД.

Во говорот што го одржа овде Столтенберг истакна дека Турција е значаен сојузник и рече: „Тоа можете да го видите само ако погледнете на картата.“

На едно поставено прашање во врска со купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија од страна на Турција, Јенс Столтенерг одговори со зборовите: „Не претставува новина тоа што постојат разлики меѓу НАТО сојузниците. Сојузот е добра платформа за дискутирање во врска со овие разлики, недоразбирања и проблеми, како и изнаоѓање решение за нив.“

Подвлекувајќи дека се изнесуваат грижите до Анкара во однос на прашања како што се С-400, Источниот Медитеран и мигрантскиот проблем, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го рече следното: „Меѓутоа, треба да го разбереме и тоа дека Турција е значаен сојузник. Само ако погледнете на картата ќе видите колку е значајна. Особено поради тоа што граничи со Ирак и Сирија има мошне големо значење во постигнувањето напредок во борбата против ДЕАШ, олсободувањето на милиони луѓе во областите кои беа под контрола на ДЕАШ во регионот, а од мошне големо значење се и инфраструктурата и аеродромите во Турција.“   



Слични вести