Реакција од Турција против отпечатената поштенска марка на Регионалната курдска управа на Ирак

Турција покажа реакција против отпечатената поштенска марка од страна на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) на која беше претставена карта којашто опфаќа и некои градови од југоисточниот и источниот дел на Турција

1598726
Реакција од Турција против отпечатената поштенска марка на Регионалната курдска управа на Ирак

Турција покажа реакција против отпечатената поштенска марка од страна на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) на која беше претставена карта којашто опфаќа и некои градови од југоисточниот и источниот дел на Турција.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека меѓу поштенските марки за спомен за коишто се предвидува да бидат отпечатени од страна на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) по повод посетата на духовниот лидер на католиците папата Франциск на Ирак, се наоѓа и поштенска марка на којашто е претставена карта што опфаќа и некои градови и во Турција.

Во соопштението се вели следното: „Некои раководители на ИКБЈ кои не си ја знаат својата граница се обидуваат оваа посета да ја искористат за изнесување на виделина на своите соништа насочени кон територијалниот интегритет на соседните земји на Ирак. На каков начин се завршени со разочарување овие видови подли намери најдобро ќе се сеќаваат властите на ИКБЈ. Очекуваме што поскоро и на јасен начин да биде објавено неопходното соопштение од страна на властите на ИКБЈ за поправање веднаш на оваа очајна грешка.“

 



Слични вести