Претседателот Ердоган: Националната химна е точка на обединување за сите 84 милиони

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека националната химна е точка на обединување за сите 84 милиони жители на Турција

1598663
Претседателот Ердоган: Националната химна е точка на обединување за сите 84 милиони
Cumhurbaşkanı Erdoğa 100. Yılında İstiklal Marşı Sergisi.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğa 100. Yılında İstiklal Marşı Sergisi1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на изложбата „Националната химна на својата 100-годишнина“ организирана во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека националната химна е точка на обединување за сите 84 милиони жители.

Ердоган рече: „Националната химна чија 100-годишнина од прифаќањето ќе ја одбележиме на 12 март е знакот на нашата припадност, независност и иднина. Нашата национална химна не ја сметаме само како симбол на нашата независност, туку како текст за национален консензус што ги обединува 84 милиони. Во оваа земја нашите политички мислења, погледи и размислувања, секта би можеле да бидат различни. Но, националната химна е заедничката точка на обединување за сите 84 милиони.“

Алудирајќи на Договорот од Севр којшто пред 100 години и беше наметнат на Османлиската држава, претседателот Ердоган рече: „Онака како што го скинавме и фрливме Севр пред 100 години, денеска ги кинеме и фрламе модерните Севрови коишто се обидуваат да и бидат наметнати на нашата земја со посредство на терористичките организации како Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), ДЕАШ и ПКК.“

Нагласувајќи дека ќе продолжат да водат грижа и да ѝ посветуваат внимателност на независноста на Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека ќе застанат во одбрана и на турското знаме дури по цена и на својот живот.

 



Слични вести