Министерот за национална одбрана Акар во Анкара се состана со својот албански колега Пелеши

На средбата беа разменети мислења во врска со билатерални и регионални безбедносно-одбранбени прашања и можностите за соработка во одбранбената индустрија

1598802
Министерот за национална одбрана Акар во Анкара се состана со својот албански колега Пелеши
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Arnavutluk Savunma Bakanı Niko Peleshi1.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Arnavutluk Savunma Bakanı Niko Peleshi2.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Arnavutluk Savunma Bakanı Niko Peleshi3.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Arnavutluk Savunma Bakanı Niko Peleshi4.jpg
Millî Savunma Bakanı Hulusi Akar Arnavutluk Savunma Bakanı Niko Peleshi5.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Анкара се состана со својот албански колега Нико Пелеши.

На средбата беа разменети мислења во врска со билатерални и регионални безбедносно-одбранбени прашања и можностите за соработка во одбранбената индустрија.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, министерот Акар својот албански колега Нико Пелеши кој допатува во посета на Анкара го пречека со воена церемонија.

Двајцата министри за одбрана, Хулуси Акар и Нико Пелеши најпрвин се состанаа лице в лице, а потоа претседаваа со меѓуделегациските разговори.

На разговорите беа разменети мислења во врска со билатерални и регионални безбедносно-одбранбени прашања и можностите за соработка во одбранбената индустрија.

Во тие рамки, од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше нагласена блиската соработка помеѓу Турција и Албанија.

Министерот Акар го подвлече значењето од зачувување на трајниот мир и стабилноста на Балканот, а освен тоа ги изнесе и можностите во правец на уште повеќе развивање на воената обука и соработката помеѓу двете земји.

Акар исто така го изнесе и значењето на соработката во борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

 



Слични вести