Министерот Чавушоглу за ТРТ Хабер: Посетите на Туркменистан и Узбекистан поминаа во срдечна средина и беа крајно корисни

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за ТРТ Хабер дека ѝ посетата на Туркменистан ѝ посетата на Узбекистан поминаа во срдечна средина и беа крајно корисни

1598342
Министерот Чавушоглу за ТРТ Хабер: Посетите на Туркменистан и Узбекистан поминаа во срдечна средина и беа крајно корисни

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварените посети на Туркменистан и Узбекистан направи проценка за информативниот канал на Турската радио и телевизија (ТРТ) „ТРТ Хабер“.

Чавушоглу истакна дека ѝ посетата на Туркменистан ѝ посетата на Узбекистан поминаа во срдечна средина и беа крајно корисни.

Мевлут Чавушоглу појасни дека од доаѓањето на власт на претседателот Шавкат Мирзијоев во Узбекистан во земјата се реализирани мошне сериозни реформи и дека во тие рамки и Турција задолжи свои експерти за споделување на своите искуства со Узбекистан. 

Во врска со туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов пак, Чавушоглу истакна дека Бердимухамедов направил некои посебни гестови кон Турција.

Тој информира дека додека Туркменистан е затворена за сите летови ќе и се дозволи на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) да лета за градот Туркменабад, а воедно додека поради пандемијата не им се дозволува влез во земјата на возачите на шлепери на ниту една земја ја даде радосната вест дека на турските возачи на шлепери ќе им се дозволи влез во земјата под услов да направат тестирања за новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Мевлут Чавушоглу се осврна и на постигнатиот договор помеѓу Туркменистан и Азербејџан во изминатите денови во врска со нафтените и гасните лежишта во Каспиското Море.

Притоа, истакна дека турските компании се спремни да соработуваат во вадењето на нафтата и природниот гас во овие лежишта и дека волјата на Турција по ова прашање им е доставена и на страните.

Подвлекувајќи дека станува збор природниот гас и нафтата коишто ќе се вадат одовде со посредство на нафтоводите и гасоводите коишто во моментов функционираат да се пренесува во Турција, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја изнесе следната констатација: „Постои можност за соработка во секоја смисла.“



Слични вести