Министерот Акар: Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 25 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во реализирана воздушна операција на областите Хакурк и Кандил на северот на Ирак се неутрализирани 25 терористи од кои еден од т.н. челнички кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1598245
Министерот Акар: Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 25 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар по остварената официјална посета на Романија даде изјави за претставниците на печатот.

Акар истакна дека во реализирана воздушна операција на областите Хакурк и планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани 25 терористи од кои еден од т.н. челнички кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Велејќи дека Турските вооружени сили (ТВС) ја продолжуваат со одлучност борбата против тероризмот, Хулуси Акар рече: „Со елан и одлучност ја продолжуваме нашата борба против сите закани и опасности насочени против безбедноста на нашата земја и нашиот племенит народ, а пред се против ФЕТО, ПКК/ЈПГ и ДЕАШ.“

Министерот Акар напомена дека операциите ќе продолжат со засилено и растечко темпо се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.

„Во тие рамки, како последно добивме информации од разузнавачки канали во однос на тоа дека во реализирана воздушна операција на областите Хакурк и Кандил (во северниот дел на Ирак) се неутрализирани 25 терористи од кои еден од т.н. челнички кадар. Рековме дека терористичката организација ПКК не ќе може да се чувствува безбедно на ниту едно место, вклучувајќи ја и Кандил. Терористите немаат место каде да бегаат. Одлучни сме да ставиме крај на тероризмот кој ја троши енергијата на нашата земја и да го спасиме нашиот 83 милионски народ од терористичката неволја.“ - порача министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

 



Слични вести