Мевлут Чавушоглу: ФЕТО не е закана само за Турција туку и за Киргистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата официјална посета на Бишкек го рече следното: „(ФЕТО) Не претставува закана само за нас, туку и за Киргистан“

1598502
Мевлут Чавушоглу: ФЕТО не е закана само за Турција туку и за Киргистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Киргистан, Бишкек, кадешто отпатува во официјална посета беше примен кај претседателот Садир Џапаров.

На приемот беа разгледани актуелни прашања за соработка во сферите на политиката, трговијата, економијата, културата и хуманитарните области.

Киргистанскиот претседател Садир Џапаров го изрази задоволството коешто го чувствуваат од состојбата во која се дојдени дипломатските односи помеѓу Киргистан и Турција коишто оваа година одбележуваат 30 години од нивното воспоставување, а исто така привлече внимание и на значењето од развивање на односите во земјоделството, текстилот, рударството, хидроелектричната и други сфери, како и формирање на заеднички иницијативи и проширување на соработката.

Џапаров го нагласи значењето од тоа дека треба да бидат ставени во примена на значајни проекти со коишто ќе биде задоволен економскиот потенцијал на Киргистан и Турција, како и да биде вложен секој вид напор за издигнување на заедничкиот трговски обем на двете земји на 1 милијарда долари.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Бишкек го посети и споменикот Ата Беји, а потоа на одржаната заедничка прес-конференција со киргистанскиот министер за надворешни работи Руслан Казакбаев истакна дека беа разгледани билатералните односи со сите нивни димензии.

Чавушоглу рече дека и Киргистанско-турскиот универзитет Манас е знак на братството на двете земји.

Привлекувајќи внимание дека нема потреба од организации како што е Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) во образованието и другите сфери, Чавушоглу рече: „(ФЕТО) Не претставува закана само за нас, туку и за Киргистан.“

Тој нагласи дека тоа се изнесува во секоја прилика и го рече следното: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола ќе се спасиме целосно и од овие видови терористички организации и криминални мрежи.“

Привлекувајќи внимание дека двете земји ја развиваат соработката и во сферата на образованието и науката, Чавушоглу информира дека Фондацијата Маариф на Турција (TMV) ќе отвори училишта во Киргистан од градинка и предучилишна возраст до гимназија чиј квалитет на образование ќе биде многу добар.

„Училиштето Маариф ќе биде првото училиште на Фондацијата Маариф коешто ќе биде отворено во Централна Азија. И тоа е показател н0а значењето коешто му го придаваме на Киргистан.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Министерот за надворешни работи на Киргистан Руслан Казакбаев исто така во својот говор на одржаната заедничка прес-конференција рече: „Киргистан и Турција се две братски земји чиј јазик и религија се исти. Помеѓу двете земји не постои било каков политички проблем.“

Казакбаев го додаде и следното: „Очекуваме Фондацијата Маариф да дојде во Киргистан, да отвори училиште и да придонесе за образованието.“

 



Слични вести